5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин нареди: Нема долар, само рубља

Путин нареди: Нема долар, само рубља

Рускиот претседател Владимир Путин нареди владата да одобри закон кој рубљата ќе биде главна валута за размена во сите пристаништа.

Со цел да се заштитат интересите на компаниите кои ги плаќаат своите обврски во странска валута, на владата и е наредено да го одредат транзициониот период пред да се префрлат на размена во рубли.

Според шефот на руското надзорно тело ФАС, Игор Артемјев, многу услуги во руските пристаништа сè уште се плаќаат во американски долари, иако овие пристаништа се во државна сопственост.

Овој предлог прв пат беше изнесен од Путин минатата година, но идејата не беше прифатена од некои големи компании кои сакаа да ги задржат приходите во долари и други странски валути поради можните осцилации на руската рубља.

Артемјев вели дека одлуката ќе ги принуди странците да ја купуваат руската валута, што е добро за рубљата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП