18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе делови на Скопје денес без струја

Повеќе делови на Скопје денес без струја

Во повеќе делови од Скопје денес ќе има прекини на електричната енергија.

Без електрична енергија денес од 08:55 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од населените места Летевци, Брезница, Катланово, Градманци, Ржаничино и Катлановска Бања, во општина Петровец.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја од 08:30 до 12:00 часот ќе бидат и корисниците од село Батинци, улици „1“, „6“ и „7“, во општина Студеничани.

Од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат булевар „АСНОМ“ број 40 и објектите во непосредна близина, во општина Аеродром.

Без струја од 13:00 до 15:00 часот ќе бидат населените места Наово, Мралински Мост, дел од Јурумлери, Млекара „Битола“ и други корисници во близина на Млекарата, во општина Петровец.

Од 10:55 до 13:00 часот без напон ќе бидат дел од населбата „Петровец“, во близина на ТС 110/10 кв.кв, во општина Петровец.

Без електрична енергија од 07:45 до 08:15 часот и од 11:30 до 12:00 ќе останат дел од бунарите кај Лепенец, делови од улицата „Скупи 12“, дел од улица „Скупи 14“, од „Скупи 20“, дел од улица „Скупи 22“, во општина Карпош.

Од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат делови од улиците „Иван Козаров“ и „Божидар Аџија“, во општина Кисела Вода.

Без електрична енергија од 12:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од село Мирковци, Горњани и манастир „Св. Илија“, селата Бањани, Чучер и Сандево, во општина Чучер Сандево.

Од 09:00 до 12:00 часот без напон ќе видат Агино Село и селата и населени местаТанушевци, Чардак, Горно Оризари, Кучевиште, Малино, Мирковци, Оризари, Побожје, Сандево, Бањани, Бразда, Брест, Бродец, Глуво и Горњани, во општина Чучер Сандево.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП