6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведска, Унгарија и Полска се државите од ЕУ со најбрз раст во...

Шведска, Унгарија и Полска се државите од ЕУ со најбрз раст во градежништвото

Шведска, Унгарија и Полска се појавуваат како најактивни градилишта во Европската унија (ЕУ) во јули, според податоците на Европскиот завод за статистика „Еуростат“.

Шведска и Полска се земјите со највисок месечен раст на градежното производството во јули – 7,9% и 4,3%, соодветно.

Унгарија на годишна основа е со пораст од 22,6%, следат Шведска за 21,2% и Полска за 19,8%, според податоците.

Земјите со најсилен месечен пад во градежништвото се Словенија 8,6%, Чешка 2,5% и Унгарија 2,1%, а со најсилен годишен пад се Велика Британија 1,1% и Италија 0,4%.

Генерално, изградбата во ЕУ достигна 0,5% во јули во однос на јуни, а во еврозоната 0,2%. На годишна основа, зголемувањето изнесуваше 3,6% и 3,4%, соодветно.

И во ЕУ и во еврозоната, градежната конструкција е главниот двигател на градежниот сектор, кој порасна за 0,8% и 0,3%, соодветно, и за 3,6% и 4% соодветно.

Изградбата на инфраструктурата продолжува да се намалува насекаде во заедницата поради забавувањето на големите инфраструктурни проекти имплементирани со буџетските инвестиции на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП