ЕКОНОМИЈА

Владата се задолжи за 15 милиони евра повеќе од планираното

На денешната Аукцијата на државни хартии од вредност, државата се задолжи од домашните бани и осигурителните компании за над 75 милиони евра што е за 15 милиони евра повеќе од планираното.

Станува збор за аукција на 12-месечни државни записи со и без девизна клаузула, и една 15 годишна државна обврзница.

Од планираните 3.745.000.000 денари за раздолжување по основ на доспеани долгови, износот се зголеми на 4.694.340.000 денари.