25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШефот на „Societe Generale“ барал мито

Шефот на „Societe Generale“ барал мито

Woman walks out of an office of Rosbank in central Moscow

Руските инспектори поднесоа тужба против директорот на руската филијала на „Societe Generale“ поради барање мито од 1,5 милион долари од еден бизнисмен.

Полицијата го уапси извршниот директор Владимир Голубков под обвинение дека тој од еден бизнисмен побарал мито од 1,5 милион долари, во замена за продолжување на рокот на отплата на кредитот и потпишување на уште еден кредит со поволни услови, пренесува агенцијата Франс Прес.

Парите требало да бидат префрлени преку потпретседателката на „Rosbank“ Тамара Полјаничин. Бизнисменот за ваквата идеја ја информирал полицијата, која го намести целиот настан.

Рускиот истражен комитет соопшти дека поднел обвинение против Голубков и Полјаничин.

„Голубков и Полјаничин се уапсени додека го примале последниот дел од исплатата од 5 милиони рубљи (159,000 долари)“, соопштија истражителите.

Максималната казна за вакво дело е седум години затворска казна и голема парична казна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП