5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо велосипеди против огромното загадување во Скопје

Со велосипеди против огромното загадување во Скопје

Здружението на граѓани за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу грин“ и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во четврток со младинската мобилна конференција „Bike & Learn” ќе ја одбележат Европската недела на мобилност.

Настанот ќе се одржува во четврток на четири локации низ град Скопје со почеток во 10.30 часот. Почетната локација е салата на советот на Град Скопје. Групата ќе се движи низ локациите на велосипеди.

„Сведоци сме на огромното загадување во градот Скопје предизвикано од моторните возила поради зголемување на возниот парк со над 200 000 половни моторни возила во последните 6 години. После загревањето на домаќинствата, транспортниот сектор е втор најголем причинител за аерозагадувањето во градот и придонесува за интензивирање на последиците од климатските промени“, велат од здружението.

Младинската мобилна конференција „Bike & Learn” има за цел да понуди решенија за намалување на бројот на автомобили во градскиот сообраќај, и зголемување на учеството на одржливи форми на транспорт низ градовите во Републиката како начини за ублажување на климатските промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП