16 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку мудри потези на луѓето на кои лесно им оди потрагата по...

Неколку мудри потези на луѓето на кои лесно им оди потрагата по работа

Некои луѓе секогаш имаат среќа на разговорите за работа. Ова се некои од помудрите потези кои ги преземаат тие, а ги издвојуваат од останатите кандидати.

1. Воопшто не се на пазарот за труд

Во денешно време е сосема вообичаено потрагата по работа да започне – „онлајн“.

Повеќето работни места кои се огласени и за кои се бара работник всушност се веќе пополнети. Тие податоци на интернет некогаш не се доволно добро ажурирани – вели Никол Вилијамс, соработник на LinkedIn, а според нејзините зборови, само 18 проценти од работните места кои се огласени всушност се вистинска понуда.

Успешните кандидати преку огласите само ги собираат информациите за компанијата, начинот на работа, а притоа бараат познаници кои би им обезбедиле разговор за работата.

2. Мудро го користат времето

На личноста која интервјуира потребни и се само 6 секунди за да одлучи дали ќе ја погледне биографијата и со какво внимание ќе го стори тоа. Толку трае и „скенирањето“ на кандидатот од кое зависи понатамошниот тек на разговорот.

3. Профилот им е подобар од биографијата

Менаџерите и работодавците во последните две години, речиси задолжително ги проверуваат профилите на кандидатите за работа кои ги имаат на друштвените мрежи. Тие чепкаат по сликите, непримерните постови, лајкови…

Кандидатите кои ставаат свои слики, често добиват повици за разговор за работа, како и оние со добро смислени и духовити постови. Сето тоа влијае на имиџот на вработените, како и на иднината на компанијата.

4. Изразуваат ентузијазам и без зборови

Кога ќе добиете мејл дека сте повикани на разговор за работа, сепак не треба во следниот мејл на потенцијалниот работодавец да му одговарате со „смајли“.

Одговорете брзо, возвратете учтиво и деловно, но не премногу интимно и пријателски. Успешниот „барател на работа“ пишува насочени, јасни и кратки реченици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП