24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, објави турскиот фудбалски гигант на својата интернет-страница. Ова значи дека Фенербахче ќе може да го регистрира Елмаз.

Позитивната одлука што ја донесе ФИФА значи дека Елмаз, кој на 27 септември ќе наполни 18 години, во иднина ќе може да настапува за својот нов тим.

Фенербахче ги поднел документите за регистрација во Фудбалскиот сојуз на Турција, што значи дека тој оваа година ќе дебитира во жолто-синиот дрес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП