6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК ја претстави обновената стратегија за индустриски развој на ЕУ

ЕК ја претстави обновената стратегија за индустриски развој на ЕУ

Европската унија (ЕУ) ќе создаде специјален Европски центар за истражување и експертиза во областа на сајбер безбедноста со цел поддршка на развојот на технолошкиот и индустрискиот капацитет во индустријата, објави прес-службата на Европската комисија (ЕК) во врска со обновената стратегија за развој на индустријата во Унијата.

Ќе биде воспоставен систем за сертификација на производи и услуги ширум ЕУ, признаен во сите земји-членки.

ЕК, исто така, предлага создавање посебна регулатива за слободно движење на не-лични податоци. Таа има за цел да им овозможи на таквите податоци слободно да се движат преку границите, со цел да се модернизира индустрискиот сектор на ЕУ и да се создаде заедничка европска област за податоци.

Достапна е и нова серија на мерки за кружна економија, вклучувајќи стратегија за пластиката и мерки за подобрување на производството на обновливи биолошки ресурси и нивното претворање во производи на биолошка основа и биоенергија.

Се предвидуваат и иницијативи за модернизација на единицата за интелектуална сопственост, подобрување на функционирањето на јавните набавки во ЕУ и стратегија за одржливо финансирање со цел насочување на приватните капитални текови кон одржливите инвестиции, како и други иницијативи за поддршка на индустријата.

Подобрувањето на конкурентноста на индустријата беше меѓу главните теми на говорот на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, за состојбата на ЕУ.

„Со прифаќањето на технолошките промени, трансформирањето на инвестициите во истражување во иновативни бизнис идеи и зачувувањето на водечката улога во нискојаглеродната и кружната економија ќе го отвори патот на интелигентната, иновативната и одржливата индустрија во Европа“, коментира и заменик-претседателот на ЕК, Јурки Катаинен.

„Многу европски индустрии се наоѓаат на пресвртница. Во денешната ера индустриската политика се однесува до можностите за индустријата и да продолжи да создава одржлив раст и работни места за нашите региони и граѓани“, додава Елжбета Бенковска, комесар за внатрешен пазар, индустрија, претприемништвото и МСП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП