27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар собра 4 милијарди евра продавајќи државјанства

Кипар собра 4 милијарди евра продавајќи државјанства

Руските милијардери и олигарси, како и украинска елита обвинета за корупција, се меѓу стотиците луѓе кои добиле државјанство од Европската унија благодарение на контроверзното правило „златна виза” за Кипар, објави Гардијан.

Владата на Кипар од 2013 година собрала повеќе од 4 милијарди евра давајќи државјанство на супербогатите, како и право да живеат и работат во ЕУ во замена за кеш или инвестиции.

Само минатата година врз основа на оваа шема повеќе од 400 луѓе добиле државјанство.

На листата во која Гардијан имал увид се познати бизнисмени и поединци со значајно политичко влијание.

Меѓу нив се и поранешни членови на руската Дума, основачот на најголемата украинска банка, како и луѓе поврзани со сирискиот претседател Асад.

Европските политичари со сомнеж го следат овој тренд, а некои предупредуваат дека тој во целост се коси со концептот за државјанство.

Се очекува расправа во Европскиот парламент за ова прашање. Според законите на Кипар, услов за добивање на државјанство се најмалку два милиона евра во недвижности или 2,5 милиони евра вредност на компанија или државни обврзници.

Нема никакви дополнителни барања во поглед на познавањето на јазик или престој, освен што е потребно еднаш во седум години оној кој ќе добие државјанство да го посети Кипар.

На листата е и милијардерот и колекционер на уметнички дела Дмитри Риболовлев. „Сосема случајно“ неговиот приватен авион го вкрсти патот со авионот на Доналд Трамп, тогаш претседателски кандидат, но и двајцата ја негираа средбата.

Уште во 2005 година, тој од Трамп купи вила на Флорида за 95 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП