6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во ЕУ и во еврозоната повторно се зголемува во август

Инфлацијата во ЕУ и во еврозоната повторно се зголемува во август

Инфлацијата во еврозоната се зголемува до 1,5% на годишна основа, во август во споредба со нивото од 1,3% во јули 2017-та година, покажуваат последните податоци на „Еуростат“, објавени во понеделникот.

Во споредба со истиот период од 2016-та година, сепак се забележува сериозно забрзување, а инфлацијата во регионот тогаш била само 0,2%.

Инфлацијата во Европската унија (ЕУ) во август, исто така, се зголеми на 1,7% од претходниот месец. Во јули инфлацијата изнесуваше 1,5%.

Сепак, во споредба со август минатата година, тука има и поголем раст, при што инфлацијата во август 2016-та година изнесуваше 0,3%.

Најниска инфлација е забележана во Ирска (0.4%), Кипар (0.5%), Грција и Романија (0.6%). Најголемо зголемување на потрошувачките цени е забележано во Литванија (4,6%), Естонија (4,2%) и Латвија (3,2%).

Споредено со јули 2017-та година, годишната инфлација забрзана во 20 земји-членки, остана непроменета во пет и забави на три.

Најголемо влијание врз инфлацијата во еврозоната имале транспортните горива (+ 0,16% процентни поени), услугите за сместување (+0,10 пр.п.) и воздушниот транспорт (0,06 пр.п.). Негативно, биле засегнати телекомуникациите (-0,12 процентни поени), зеленчукот (-0,05 процентни поени) и социјалната заштита (-0.04%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП