
Меѓународната агенција за рејтинг „Мудис“ го зголеми синоќа долгорочниот кредитен рејтинг на Турција до инвестициско ниво „Баа3“.


Меѓународната агенција за рејтинг „Мудис“ го зголеми синоќа долгорочниот кредитен рејтинг на Турција до инвестициско ниво „Баа3“.
Агенцијата ја определи перспективата за рејтингот како „стабилна“.
Одлуката за зголемување е поврзана со засилените позитивни тенденции во турската економија и набљудуваното заздравување на националниот финансиски сектор.
Анкара е многу подобро заштитена од евентуални надворешни негативни економски влијанија, поточно од ЕУ, истакнува „Мудис“.
Според њујоршки аналитичари, зголемувањето на кредитниот рејтинг е добар сигнал за инцвеститорите за безбедноста на капиталните вложувања во турската економија.