2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите немилосрдни, Киев и ЕУ веќе стравуваат

Русите немилосрдни, Киев и ЕУ веќе стравуваат

Европската унија соопшти дека нејзин главен приоритет е Русија во иднина да продолжи со испораките на гас преку Украина, и покрај судирот меѓу овие две земји.

„Морам да истакнам дека продолжувањето на транзитот на гас преку Украина во периодот после 2019 година е главен приоритет на Европската унија“, изјави потпретседателот на Европската комисија задолжен за енергетика Марош Шефовиќ во текот на посетата на Киев, пренесува агенцијата Франс прес.

Киев и Москва потпишаа договор со кој Русија се обврза на испорака на гас во Европа преку украинскиот транспортен систем до 2019 година, потсетува француската агенција.

Речиси третина од потребите за гас во ЕУ ги покрива увозот од Москва, од кои половина доаѓаат преку Украина.

По мноштвото гасни спорови со Киев во изминатите години, Русија сега сака да го намали транзитот преку Украина или дури и да го прекине по истекот на договорот.

За Украина, транзитот на рускиот гас е многу важен извор на приходи, а украинските власти настојуваат да им се спротивстават на различните проекти за изграба на гасови кои Москва сака да ги реализира за да ги диверзификува рутите за испорака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП