5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас до министрите: Издржете уште 10 месеци, па....

Ципрас до министрите: Издржете уште 10 месеци, па….

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги повика министрите да продолжат со реформите кои ги бараат кредиторите, со цел за 10 месеци земјата да може да излезе од спасувачката програма за помош.

Ципрас изјави дека земјата е на пат втора година по ред да ги надмине буџетските цели кои ги поставиле доверителите, пренесува АП.

Тој наведе дека грчкиот буџетски суфицит, пред да се земат во предвид трошоците за сервисирање на долгот, ќе биде поголем од 1,75 проценти од годишниот бруто домашен производ, колку што бараа кредиторите.

Во Атина во моментов престојува тим за ревизија на спасувачкиот пакет, но не се очекува дека преговорите за следната транша кредити ќе започнат пред ноември.

Условите за идните исплати вклучуваат и продолжување на реорганизацијата на вработени во јавниот сектор и понатамошна дерегулација на електроекономијата во која доминира државата.

Претходната ревизија на програмата за помош беше одложувана повеќе од шест месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП