3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУмерен интензитетот на сообраќај надвор од градовите

Умерен интензитетот на сообраќај надвор од градовите

Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП