ЕКОНОМИЈА

Ново задолжување на државата од 60 милиони евра

Државата од домашните банки, осигурителни друштва, денеска ќе побара заем од приближно 60 милиони евра, објавено е на веб-страницата на Министерството за финансии.

Станува збор за аукција на 12-месечни државни записи со и без девизна клаузула, и една 15 годишна државна обврзница. Утре по основ на доспеани обврски, државата треба да ја врати истата сума пари.

Ова е второ задолжување за раздолжување за месец септември. Новата власт ги скрати домашните задолжувања од 4 на 2 месечно. Според најавите на премиерот Заев годинава не е предвидено задолжување на домашниот пазар.