19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоголемиот дел од опасната увозна стока во ЕУ потекнува од Кина

Поголемиот дел од опасната увозна стока во ЕУ потекнува од Кина

made in china

Повеќето играчки и облека опасни по здравјето на луѓето на територијата на ЕУ потекнуваат од Кина, и покрај ветувањето на Пекинг дека ќе ја зајакне контролата врз својата стока наменета за извоз, предупреди Европската комисија.

Минатата година бројот на откриени производи со потекло од Кина, кои можат штетно да влијаат врз здравјето на луѓето, се зголемил за четири отсто.

На територијата на ЕУ лани од продажба се повлечени 2.278 непрехранбени производи, меѓу кои се хемиски супстанци кои можат да бидат канцерогени, потоа електронски производи со опасни дефекти, како и облека од штетни вештачки материјали. Дури 58 проценти од оваа стока потекнуваат од Кина, предупредува агенцијата RAPEX во својот годишен извештај.

– Кина е еден од најголемите извозници во ЕУ и повеќето од тие производи се целосно безбедни за употреба, се наведува во извештајот.

Законот за увоз во ЕУ е стриктен, а повеќето забелешки за квалитетот на стоката пристигнуваат уште од царината.

Околу 56 отсто од забелешките на квалитетот на увозната стока се од Унгарија, Шпанија, Германија, Велика Британија и Бугарија.

Голем проблем за ЕУ претставува и тоа што 11 проценти од стоката означена како потенцијално опасна по здравјето била со непознато потекло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП