4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа една недела исплатени 125 милиони денари субвенции за земјоделците

За една недела исплатени 125 милиони денари субвенции за земјоделците

Речиси 125 милиони денари се исплатија во текот на минатата недела за субвенции за земјоделството, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Повеќето од средствата или околу 61 милион денари се за субвенции за дополнителна финансиска поддршка за сертифициран семенски материјал, 35 милиони денари за субвенција за литар предадено млеко, над 17 милиони денари се субвенции за предаден зеленчук во преработувачки капацитети. Остатокот од исплатените субвенции се за разни земјоделски сектори.

Од МЗШВ соопштија дека во моментот се обработуваат решенијата за исплата на преостанатите субвенции за 2016 година, по што набргу ќе следува исплата.

Од 1 јуни досега, велат од Министерството, се исплатени над 60 милиони евра за субвенции, кои легнаа директно на сметките на 50 илјади земјоделци.

„Во моментот формираните работни групи во МЗШВ интензивно работат на подготовка на петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во која ќе бидат преточни сите мерки од програмата на Владата, кои опфаќаат зголемување на субвенциите за земјоделците. Финансиската поддршка за земјоделството од в година ќе изнесува 160 милиони евра, сума што ќе биде соодветено распределна во секоја земјоделска гранка“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП