3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на дрогата на црниот пазар се намалени поради понудата од Албанија

Цените на дрогата на црниот пазар се намалени поради понудата од Албанија

Албанија е земја со најевтина дрога и најголем потенцијал на корисници во регионот, покажуваат податоците на Канцеларијата за дрога и криминал при Обединетите нации. Според податоците што ги собрала Канцеларијата на ОН, на пазарот за наркотици, и покрај тоа што станува збор за нелегална трговија, владеат економски закони на понуда и побарувачка – што поголема понуда, толку пониски цени.

Податоците покажале дека Албанија има најниски цени на хашиш и кокаин во регионот и има најголем потенцијал на корисници. Експертите што работеле на ова истражување велат дека Албанија е земјата од каде што потекнува канабисот и транзитна земја за кокаин. Повеќето наркотици се пренесуваат во држави во Европа, но одредени количини остануваат во земјата, што ја зголемува понудата, а со тоа се намалува цената.

Исто така, според експертите, куповната моќ во Албанија е ниска, а корисниците на наркотици не се во можност да купуваат скапа дрога, пренесуваат албанските медиуми.

Според податоците, кокаинот во Албанија просечно чини 80 долари, а просекот во регионот е проценет на 100 долари. Дури и канабисот е најевтин од која било друга земја во регионот, при што еден грам марихуана може да се добие за пет долари, а истата количина, на пример, во Црна Гора, се продава за 26 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП