3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија размислува да ја зголеми цената на бензинот за 80%

Саудиска Арабија размислува да ја зголеми цената на бензинот за 80%

Саудиска Арабија го разгледува воведувањето на планот за намалување на државните субвенции за бензин и авионско гориво најдоцна во ноември, во позадина на програмата за ограничување на јавната потрошувачка, која е најголем извозник на нафта во светот и се справува со падот на цените на суровините на глобално ниво.

Според планот, Владата ќе ја зголеми цената на бензинот до паритет со различни меѓународни цени, информира „Bloomberg“, повикувајќи се на запознаен извор.

При сегашните нивоа ова може да доведе до зголемување на вредноста со околу 80% на бензинот со октански број 91 до околу 1,35 ријали (0.36 долари за литар), според истиот извор, кој побарал анонимност. Владата планира да го одложи зголемувањето на другите цени на горивата до почетокот на 2018-та година.

Се очекува властите да донесат конечна одлука за планот во септември или октомври, според истиот извор.

Реформата на енергетските субвенции е клучен дел од планот на Саудиска Арабија за промена на економијата, заедно со продажбата на удели во државни компании, вклучувајќи и во најголемиот извозник на сурова нафта во светот „Saudi Aramco“.

Царството ги зголеми цените на нафтата во декември 2015-та година и ги објави плановите за дополнителни цени на горивото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП