
Шпанија ќе изгуби многу ако каталонските сепаратисти успешно го исполнат својот план за одвојување, коментира „Politico“.


Шпанија ќе изгуби многу ако каталонските сепаратисти успешно го исполнат својот план за одвојување, коментира „Politico“.
Каталонија формира само околу 6% од територијата на земјата и 16% од нејзиното население, или 7.45 милиони луѓе.
Во исто време, сепак, таа придонесува една петтина од економскиот резултат, а тоа изнесува 215,6 милијарди евра од вкупниот број. Регионот, исто така, е одговорен за четвртина од извозот, кој изнесува 65,2 милијарди евра.
Исто така, вреди да се забележи дека повеќе од половина од новите почетни инвестиции во 2016-та година се случиле во Каталонија, во износ од 371 милиони евра.
Меѓу другото, во регионот се речиси една третина од шпанските освојувачи на олимписки медали во Рио, како и шест од репрезентативците од Евро 2016-та година.
Регионот, исто така, привлекува голем број туристи, па речиси 18 милиони луѓе го имаат посетено во 2016-та година.
Поборниците на независноста ќе се состанат во денеска во Барселона за да го прослават Националниот ден на Каталонија. Тоа се случува непосредно пред референдумот за независност кој е закажан на 1-ви октомври, кој го свика локалната власт во контрадикција со Мадрид и Уставниот суд. Владата на шпанскиот премиер Маријано Рахој вети дека ќе стори сé што е во негова моќ за да спречи гласањето да се случи.
Иако повеќето Каталонци не веруваат дека независноста е совршена опција за иднината, неподготвеноста на Мадрид да преговара сепак може да доведе до победа на сепаратистите на референдумот.