3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте бројот на гладни во светот, секој десети жител на планетата е...

Расте бројот на гладни во светот, секој десети жител на планетата е гладен

Во најновиот извештај на Обединетите нации се наведува дека се повеќе расте бројот на гладни во светот. Моментално без храна се 815 милиони луѓе, што претставува 11 отсто од светската популација. На тоа влијаат судирите низ светот, но и климатските промени.

Загрижува фактот дека секој десети жител на планетата е гладен. На основа на податоците од минатата година, а во споредба со новите, тоа е зголемување од 38 милиони, покажуваат резултатите.

Од 815 милиони гладни, во земјите во развој живеат околу 98 отсто. Секој ден поради глад и неухранетост, умираат околу 20.000 луѓе. Во извештајот, подготвен од Светската програма за храна и земјоделство, Меѓународниот фонд за развој на земјоделството, Уницеф и Светската здравствена организација, се изведува заклучокот дека до 2030 година, гладта нема да биде искоренета.

„Овие бројки се во директна врска со немирите низ светот. Освен местата каде има конфликти, влијаат и поплавите и сушата. Несигурноста се зголемила, посебно во некои делови на подсахарска Африка, јуогисточна Азија и западна Азија“ изјави Стивен Дижарик, портпарол на ОН.

Најголем број гладни има во севроисточна Нигерија, јужен Судан и Јемен. Во Сомалија, со децении траат немири комбинирани со екстремни климатски случувања. Околу 80 проценти од жителите на земјата немаат храна, а хуманитарната ситуација е на раб на катастрофа. Во Демократска Република Конго, седум милиони луѓе се соочуваат со глад поради порастот на населението и раселувањето, а тоа е 30 отсто повеќе во однос на 2016 година. Поради недостигот на храна, се шират и болести. На другата страна на светот, годишно се фрла 1,3 милијарди тони храна, Само во Америка годишно фрлаат околу 220 милиони тони храна вредна околу 50 милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП