20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрска, очигледно, знае како

Ирска, очигледно, знае како

Ирската економија порасна за 1,4 проценти во вториот квартал, по падот кој го забележа во првите три месеци од оваа година.

Закрепнувањето на бруто домашниот производ (БДП) во периодот април-јуни следеше по падот на БДП од 3,5 проценти во првиот квартал, соопшти ирската Канцеларија за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

На годишно ниво, БДП на Ирска пораснал за 5,8 проценти во вториот квартал.

„Освен благото забавување во градежниот и во секторот за недвижнини, сите други сектори од економијата забележаа раст во вториот квартал“, соопшти Џенифер Баним од Канцеларијата за статистика.

Приватната потрошувачка на стока и услуги, која е важно мерило за домашната економска ативност, сепак опадна за 1,1 проценти во истиот период, додаде таа.

Ирската економија е во процес на закрепнување, откако беше принудена да бара голем меѓунaроден пакет помош по глобалната финансиска криза која се појави пред речиси десет гоини.

Ирската влада соопшти минатата недела дека пред рокот ќе ги отплати преостанатите 4,5 милијарди евра од кредитот од ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП