29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес сончево и топло, од среда дожд и заладување

Денес сончево и топло, од среда дожд и заладување

Денес во Македонија ќе преовледува сончево и топло време со слаб до умерен ветер претежно од југозападен, а долж Повардарието и од северен правец. Особено топло ќе биде во југоисточните делови.

Минималните дневни температури ќе се движат од 9 до 15 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 28 до 36 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата од 12 до 34 степени.

Во среда ќе дува засилен југозападен ветер, а ќе има и повремени врнежи од дожд со ретки грмежи. Од четврток со умерен до засилен северозападен ветер ќе има значителен пад на температурата, но се уште и повремен дожд. Потоа времето ќе биде стабилно и посвежо, со особено ниски утрински температури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП