19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради изведување на градежни работи временска измена на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Поради изведување на градежни работи временска измена на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница: Кичево-Охрид (Пресека-Песочани) од км 2+397 до 3+910 има измена на режимот на сообраќај поради изведување на градежни работи. Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга сообраќајна лента. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП