16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарските камионџии повторно блокираа два премина на границата со Турција

Бугарските камионџии повторно блокираа два премина на границата со Турција

bugarski-kamioni

Бугарските возачи на камиони денеска, вторпат оваа недела, блокираа два премина на границата со Турција, протестирајќи поради долгата царинска процедура од турска страна.

На граничниот премин „Капетан Андреево“ е формирана 10 километри долга колона од камиони, а на преминот „Лесово“ колоната е долга пет километри.

Камионџиите тврдат дека турските цариници ги задржуваат поради долги контроли и дополнителни барања, настојувајќи да ги отстранат од пазарот.

– Ќе протестираме се додека ситуацијата не се смени и Турција не почне да ги почитува европските и меѓународните прописи за патен сообраќај и да престане да не малтретира. Сакаме еднаков третман како и останатите превознички компании, изјави Петко Ангелов, сопственик на една компанија за превоз со камиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП