3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатар е подготвен за преговори за крај на кризата во Заливот

Катар е подготвен за преговори за крај на кризата во Заливот

Катар е подготвен да седне на преговарачка маса за да се обиде да стави крај на спорот со соседите во Персискиот залив, изјави Емирот Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани во петокот во Берлин, пренесува „Ројтерс“.

„Како што знаете, ние во Катар сме под опсада од над сто дена“, коментира тој за време на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел. „Разговаравме за подготвеноста на Катар да седне на маса за да го реши ова прашање“, додаде тој.

Саудиска Арабија, ОАЕ, Египет и Бахреин ги прекинаа дипломатските и трговските врски со Катар на 5-ти јуни, обвинувајќи ја земјата дека го финансира тероризмот и одржува пријателски односи со нивниот непријател Иран. Доха ги негираше обвиненијата.

Ангела Меркел изрази загриженост дека сé уште нема решение за кризата, додавајќи дека ги поддржува напорите на Кувајт и САД за посредување во спорот.

Катар бил принуден да потроши околу 40 милијарди долари за поддршка на економијата во првите два месеци од конфликтот со четирите арапски земји, пресмета пред неколку дена меѓународната рејтинг агенција „Moody’s“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП