21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Централните банки не можат да ги решат сите проблеми

Шојбле: Централните банки не можат да ги решат сите проблеми

shojble

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска изјави дека постојат ограничувања во она што светските централни банки можат да го направат за решавање на економските проблеми.

Американските и јапонските власти веќе ги намалија каматните стапки на ниво околу нулата, а Европската централна банка (ЕЦБ) овој месец референтната каматна стапка ја намали на рекорден минимум од 0,5 отсто.

Меѓутоа, во некои делови од Европа се уште постојат компании кои имаат проблеми во позајмувањето пари по разумни стапки.

Шојбле истакна дека дури и нултите каматни стапки во овој момент не можат да им помогнат на компаниите во финансирањето и дека монетарната политика не може да ги реши проблемите со кои мораат да се позанимаваат политичарите по пат на економски реформи. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП