2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТри едноставни чекори кои ќе ве ослободат од габичките на стапалата

Три едноставни чекори кои ќе ве ослободат од габичките на стапалата

Габичките на стапалата можат да бидат вистинска непријатност и без разлика колку долго се борите со нив, вие сепак си мислите дека тие секогаш се враќаат. Пробајте со оваа несекојдневна купка.

Прв чекор

Подгответе 100 гр бел лук, 100 гр свежи листови од жалфија, 2 шољи јаболков оцет.

Втор чекор

Ставете ги исчистениот и исецкан бел лук и жалфијата во голема тегла и прелијте ги со јаболковиот оцет, покрите ги и оставете ги на собна температура да отстојат еден месец, повремено мешајте ја смесата.

Трет чекор

Третманот применувајте го така што во голем сад во кој ги собира вашите нозе ќе ставите топла вода (не врела) и 5 лажици од смесата со бел лук. Стапалата ќе ги држите во оваа смеса 15 минути од два до три пати неделно и тогаш навистина ќе се ослободите од габичните инфекции на нозете.

Резултатите нема да бидат видливи веднаш по првиот третман, потребни се минимум 5-6 третмани или околу две недели повторување на постапката. Бидете упорни, тоа ќе ви се исплати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП