16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар ќе гради свој стадион поради големата закупнина на Филип Втори

Вардар ќе гради свој стадион поради големата закупнина на Филип Втори

Фудбалскиот клуб Вардар реагира на најновиот ценовник што го постави Јавното претпријатие за станбен и деловен простор (ЈПССДП). На стадионот низа недостатоци, а ние плаќаме огормна сума за закуп на стадионот, велат од клубот.

Вардар пред натпреварот со Зенит на сметката на ЈПССДП мораше да уплати речиси 40.000 евра во согласност со новиот ценовник за да може да го одигра натпреварот од првото коло во Лига Европа.

„Едноставно, доживеавме шок со ценовникот. Јас како спортист мислам дека целта на Градот и на сите институции е да ги помага спортските клубови, а не да ги брка од стадионот. Со еден ваков потег, дефинитивно, се бракаат клубовите, еве денес тоа е Вардар, а утре не знам, можеби тоа ќе бидат Шкендија, Пелистар, Работнички. Со ваков потег се бркаат клубовите. Претпоставувам дека дури ни „Вембли“ не е толку скап за да се закупи за еден натпревар. Која е целта не ми е јасно. Дали го направи само за Вардар или тоа го направи за сите, а мислам дека ќе важи за сите. Во секој случај од нас како спортисти имаат голема критика поради тоа што на ваков начин не се стимулираат и помагаат клубовите. Се надевав дека бргу ќе ја согледаат грешката и ќе го повлечат овој ценовник“, рече спортскиот директор на Вардар, Дарко Панчев.

Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко, наведува пример како е во соседството, односно вели дека Црвена звезда и Партизан како закупнина за своите стадиони плаќаат сума од 30.000 евра годишно плус трошиците за струја кога играат натпревари во вечерен термин (околу 500 евра од натпревар). Самсоненко го посочува и примерот со белгискиот град Бриж каде што на клубот Бриж, стадионот, чиј капацитет е 30.000 места, му е даден на користење без надомест, со обврска да го одржува.

Ваквите работи го натераа клубот да започне да размислува за изградба на сопствен стадион.

„Ние сме во преговори за земјиште, за локација, ако некоја информација излезе во јавноста, тоа не е од наша страна, туку од страна на Општината“, рече сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП