24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраинците ја кројат касата, на што се надеваат

Украинците ја кројат касата, на што се надеваат

Украинската влада го усвои нацрт буџетот за 2018 година со кој се предвидува буџетски дефицит од 2,4 проценти од БДП, вели украинскиот премиер Владимир Гројсман.

Буџетот, како што наведе, се базира на очекувањето дека украинската економија ќе порасне за 3,0 проценти во 2018 година во однос на проектираните 1,8 проценти за оваа година, пренесува агенцијата Ројтерс.

„Инфлацијата би требало да забави на 7 проценти од 11,2 проценти во 2017 година“, изјави Гројсман.

Проектираниот буџетски дефицит за наредната година е во склад со фискалните цели од 17,5 милијарди долари вредниот спасувачки пакет помош кој Киев го доби од Меѓународниот монетарен фонд.

Нацрт буџетот, сепак, треба да биде одобрен од парламентот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП