12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов хит на берзата, птиците ќе ги покажат перјата

Нов хит на берзата, птиците ќе ги покажат перјата

Финската компанија „Rovio“, креаторот на видео играта Angry Birds, има намера да излезе на берзата.

Компанијата сака да собере пари за да се врати на стазите на растот седум години по објавата на својот најпродаван наслов.

Како што соопштија, во инцијалната јавна понуда (IPO) мнозинскиот акционер Кај Хeд кој поседува 70 проценти од акциите, како и уште неколку постоечки акционери ќе продадат дел од своите акции.

Покрај тоа, компанијата планира да понуди дополнителни акции за 30 милиони евра.

Се верува дека IPO може да се движи и до две милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП