26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален е добиточниот фонд во Македонија

Намален е добиточниот фонд во Македонија

dobitochen-fond

Вкупниот број говеда во Македонија во минатата година во споредба со 2011, е намален за 5,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 4,5 проценти, а кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е евидентирано намалување за 29,7 проценти.

Во 2012 година, во споредба со 2011, бројот на свињите кај деловните субјекти е намален за 23,3 проценти, а кај индивидуалните земјоделски стопанства за 1,8 проценти. Намалување на бројот на овците за 3,4 проценти е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства, а кај деловните субјекти бројот е намален за 27,8 проценти.

Статистика регистрира намалување и на бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства за 12 проценти, а кај деловните субјекти за 48,1 процент.

Бројот на живината кај индивидуалните земјоделски стопанства во 2012 година, во споредба со претходната  година, е зголемен за 0,4 проценти, но кај деловните субјекти е намален за 26,6 проценти.

Според Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко минатата година изнесува 349.769.000 литри што е за 7 проценти помалку во однос на 2011 година.

Зголемување на производството од 52,1 проценти во 2012 година е забележано кај овчото млеко, додека кај производството на козјо млеко е забележано намалување за 4,6 проценти во однос на претходната година.

Вкупното производство на месо е зголемено за 6,9 проценти при што производството на свинско и живинско месо е во пораст, а производството на говедско и овчо месо бележи пад.  Од другите добиточни производи, во 2012, во однос на 2011 година, забележано е намалено производство на јајца и мед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП