4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската банка ја намали каматната стапка

Руската банка ја намали каматната стапка

Руската централна банка ја намали клучната каматна стапка за 0,5 процентни поени на 8,5 проценти.

Централната банка соопшти дека инфлацијата е близу четири проценти, и дека економијата продолжува да бележи раст, пренесува руската агенција Тас.

„Во наредните два квартали, регулаторот смета дека е можно дополнително намалување на клучната каматна стапка. За да ја задржи инфлацијата близу 4,0 проценти, Банката на Русија ќе продолжи да води умерено заострена монетарна политика“, се наведува во соопштението на банката.

Русија претрпе сериозен удар со воведувањето на санкциите од Западот. Во првиот бран инфлацијата беше двоцифрена, а рубљата нагло загуби од вредноста, па така луѓето поради страв ги празнеа продавниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП