4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМадрид го стега и финансискиот „обрач“ околу Каталонија

Мадрид го стега и финансискиот „обрач“ околу Каталонија

Шпанските власти ја засилија контролата врз трошењето на регионалната каталонска влада за да се осигураат дека јавните средства не се користат за финансирање на оспорениот референдум за независност, изјави министерот за финансии Кристобал Монторо.

По состанокот на кабинетот, Монторо рече дека на владата на Каталонија и се дадени 48 часа за да се усогласи со новиот систем на контрола на јавните плаќања со цел “да се гарантира дека ниту едно еврото нема да оди за финансирање на нелегални активности”.

Монторо изјави за новинарите дека вонредната контрола е оправдана за да се платат државните службеници и потребите за образованието и здравствената заштита, а во исто време да се обезбедат финансиска стабилност и одбрана на правниот поредок на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП