3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПривремен сообраќаен режим на улицата Димитрие Чуповски и на патот кон Средно...

Привремен сообраќаен режим на улицата Димитрие Чуповски и на патот кон Средно Водно

Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на активностите од Европската недела на мобилноста, денес, 16 септември, во периодот од 10 до 13 часот за сообраќај ќе биде затворена улицата Димитрие Чуповски, на потегот од крстосницата со улицата Даме Груев (кај ТЦ „Палома бјанка“) до крстосницата со улицата 11 Октомври.

В недела, пак, во периодот од 9 до 13 часот за сообраќај ќе биде затворен патот кон Средно Водно, на потегот од објектот на ИЗИИС до Средно Водно, како и патот од „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно, освен за автобусите на ЈСП.

Градот Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и при своето движење да ја користат околната патна мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП