7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес објавен јавниот повик до работниците со ниски примања за субвенции за...

Денес објавен јавниот повик до работниците со ниски примања за субвенции за одмор

Јавниот повик до работниците со ниски приходи за субвенции за годишен одмор е објавен денеска, а ќе трае до 29 септември.

На јавниот повик можат да аплицираат работници чии примања во семејството не ги надминуваат нето приходите од 22 илјади денари, за субвенции од 15 илјади денари, кои ќе можат да ги искористат за петдневен одмор во некој од туристичките центри во земјата.

Министерството за економија за оваа мерка обезбеди 60 милиони денари за споменатата категорија работници, со кои 4.000 семејства ќе бидат субвенционирани во вредност од по 15 илјади денари.

За учество по јавниот повик, работниците со ниски приходи – баратели, до Министерството за економија треба да достават: пополнет образец на барање (готов формулар кој може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет-страницата на Министерството: www.economy.gov.mk; потврда од работодавецот за висината на исплатена нето-плата од последните три месеци и извод од банка за последните три месеци за подносителот на барањето, како и на членовите на семејството (сопруг, сопруга и деца) кои заедно со него ќе го користат одморот; фотокопија од лична карта или патна исправа за него и членовите на семејството кои заедно со него ќе го користат одморот и изјава дека барателот лично или со членовите на семејството кои се наведени во барањето ќе го користат одморот (готов формулар).

Притоа, едно лице може да поднесе само едно барање за пријавување интерес за користење средства за организиран одмор, а потврдата за користење средства за организиран одмор се издава по принципот „прв дојден прв услужен“.

Барањето треба да се достави до архивата на Министерството за економија лично или преку пошта на адреса „Јуриј Гагарин“ бр. 15 Скопје, а листата на баратели кои доставиле уредна и комплетна документација ќе биде објавена на веб-страницата на Министерството за економија најдоцна седум дена од денот на утврдувањето на листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП