7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Браќа Манаки“: Милчо Манчевски добитник на специјалната Камера 300

„Браќа Манаки“: Милчо Манчевски добитник на специјалната Камера 300

Годинашен добитник на специјалната Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност е македонскиот и светски режисер и сценарист Милчо Манчевски. Тој на фестивалот „Браќа Манаки“ ќе одржи мастер класа, а наградата свечено ќе му биде врачена на затворањето на фестивалот на 30 септември.

ИФФК „Браќа Манаки“ денеска во Битола ја објави целосната програма на годинешното 38. издание, кое ќе се одржи од 23 до 30 септември, во Битола.

Десет различни филмски програми, награди за животно дело, годинава, за двајца великани на светската кинематографија, Џузепе Ротуно и Пиер Лом, 13 врвни кинематограферски остварувања во конкуренција за Златна, Сребрена и Бронзена камера 300, кои, Благоја Куновски – Доре ги селектираше главно од водечките светски филмски фестивали во Кан, Берлин и Венеција.

Тој како директор на фестивалот рече дека и ова издание ќе биде реализирано на најдобар можен начин и со позитивна енергија и покрај сите пречки што годинава ги имаше фестивалот.

„Ви најавувам дека ќе може да очекувате уште едно добро издание. И 38. „Браќа Манаки“ ќе биде успешен, пред сè поради филмовите, имаме силна и квалитетна селекција, што е костурот и главен столб на нашиот фестивал. Програмата е солидна и разновидна, во главната конкуренција ќе понудиме дела на кинематографери од различни генерации. Тоа, впрочем, е една од нашите мисии – да откриваме нови таленти и нови кинематограферски ѕвезди на светскиот филм“, рече Благоја Куновски – Доре, директор на фестивалот.

Годинава како гости на фестивалот во Битола ќе пристигне рекорден број од десет кинематографери на филмовите во главната селекција.

На гала отворањето на фестивалот на 23 септември фестивалската публика ќе ја види македонската премиера на краткиот филм „Крајот на времето“ на режисерот Милчо Манчевски, а веднаш потоа ќе биде прикажана премиерата на босанско-македонско-српско-словенечката копродукција „Жаба“, во режија на Елмир Јукиќ.

Фестивалот ќе го затвори филмот од Велика Британија, „Журка“, во режија на Сали Потер, а во кој кинематографер е истакнатиот Алексеј Родинов од Русија.

Како дел од програмата ќе биде прикажан и македонскиот филм „Кога денот немаше име“ на сесрите Теона и Лабина Митевски, каде кинематографка е познатата Ањез Годар, лауретка на фестивалот Браќа Манаки.

Во Документарната програма публиката на фестивалот ќе види седум филмови од најновата светска продукција.

Земји во фокусот, годинава се Данска и Австрија и нивните кинематографии ќе бидат претставени на фестивалот со избор од најновата филмска продукција.

На новинарско прашање директорите Куновски и Теодосиевска објаснија дека од Општина Битола, фестивалот добил 150.000 денари за печатењето на промотивните материјали и уште 250 илјади за хотелско сместување на гостите. Договорот меѓу фестивалот и градоначалникот бил потпишан само пред неколку денови.

Вкупниот буџет на фестивалот е околу 130 илјади евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП