9 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕМикс од овошје и зеленчук кој ќе ве освежи, засити и ќе...

Микс од овошје и зеленчук кој ќе ве освежи, засити и ќе ви помогне да ги исфрлите токсините

Со цел на телото да му ги обезбедиме потребните витамини и минерали во овие денови кога промените на температурата се драстични, а ние губиме апетит и немаме волја да припремаме оброци, спасот можеме да го најдеме во енергетските напитоци.

Еден таков микс од овошје и зеленчук комплетно ќе ве освежи, ќе ве засити и ќе ви помогне да ги исфрлите непотребните токсини.

Состојките од овој напиток ќе ве снабдат со железо, влакна, калиум, магнезиум, фолна кислеина, и витамините А, Б1, Б6 со кои ќе го пробудите исцрпеното тело.

Потребни состојки:

– 3 раце свеж спанаќ

– 1 шоља јагоди или малини (може и замрзнати)

– 1 краставица (ако е домашна, задолжително искористете ја и кората)

– сок од еден портокал или сок од половина лимон (некаков цитрус)

– свежи листови од нане

Подготовка:

Исчистете ги овошјето и зеленчукот под силен млаз вода, а потоа во блендерот додадете ги сите состојки освен сокот од лимон или портокал и листовите од нане. Размешајте го сето тоа додека смесата не стане течна, додадете го сокот од цитрусот што го избравте и сето тоа ставете го во чаша. По желба додадете листенца од нане и неколку коцки мраз.

Овој здрав пијалок најдобро е да го пиете за ужинка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП