11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВикендов Македонија во жолта фаза, температурата ќе достигне 37 степени

Викендов Македонија во жолта фаза, температурата ќе достигне 37 степени

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на викендот што следува територијата на целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

За таа цел Министерството за здравство апелира до граѓаните за посебно внимавање за своето здравје, особено поради температурните осцилации во изминатиот период.

Исто така, потребно е да се избегнува директна сончева изложеност, како и почитување на општите мерки за заштита на здравјето.

За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, така што дневните температури насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината. В недела ќе достигнат и до 37 степени.

Од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, а в среда ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе придонесе за позначителен пад на температурата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП