8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаместо утре, дел од корисниците во Ново Лисиче и Аеродром в недела...

Наместо утре, дел од корисниците во Ново Лисиче и Аеродром в недела ќе останат без вода

В недела, 17 септември, од полноќ без вода ќе останат корисниците од високите зони на Ново Лисиче и Аеродром, извести Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

„Од ЈП ‘Водовод и канализација’ добиено е известување дека поради технички причини прекинот на водоснабдување, што беше планиран за 16 септември поради реконструкција на водоводна мрежа, е одложен за 17 септември од 00:00 часот до завршување со работа. Во периодот додека се работи без вода ќе бидат корисниците од висока зона на Ново Лисиче и Аеродром“, извести РЦУК.

За сите дополнителни информации граѓаните можат да се информираат на телефонскиот број 02/3073010.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП