11 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува со работа фабриката на „ОДВ Електрик“ во зоната Охрид-Струга

Почнува со работа фабриката на „ОДВ Електрик“ во зоната Охрид-Струга

Фабриката на германскиот бренд во автомобилската индустрија „ОДВ Електрик“ во ТИРЗ Охрид- Струга, што започна да се гради кон крајот на 2015 година, денеска ќе почне со работа, објави на својот фејсбук-профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Во следните неколку години планирано е во фабриката да бидат вработени околу 1.000 луѓе.

„Бев многу среќен бидејќи тоа ни беше прва договорена поголема инвестиција во регионот на Охрид – Струга“, напиша Груевски.

Година и пол „ОДВ Електрик“ работи во изнајмен објект и веќе вработува над 200 лица.

Во фабриката се производуваат кабли и електрични инсталации за автомобилски брендови како „Порше“, „Мерцедес“, „БМВ“ и „Фолсваген“.

Инвестиција е вредна пет милиони евра во новиот производствен погон во Зоната, на површина од четири и пол илјади метри квадратни. Подоцна се планира негово проширување на површина од девет илјади метри квадратни со целокупна вредност на инвестицијата од 15 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар