4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром

Зголемен бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром

Бројот на превезени патници на двата аеродрома во Македонија во континуитет бележи раст, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Од јануари до август годинава од двата аеродрома, „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, превезени се вкупно 1.339.065 патници, што претставува зголемување од 10,5 % споредено со истиот период во 2016 година.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари до август 2017 година регистрирани се вкупно 1.223.630 патници, што во споредба со истиот период од минатата година, кога биле превезени 1.108.157 патници, е зголемување од 10,4 %.

На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид за периодот јануари – август 2017 година превезени се 115.435 патници, што во споредба со истиот период од 2016 година, кога биле превезени 113.431 патници, е зголемување од 11, 6 %.

Согласно со реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари – август се: Истанбул 12,5 %, Цирих 9 %, Виена 6,6 % и Базел 5,1 %.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП