4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска со најголем пад на вработеноста меѓу земјите од ЕУ

Хрватска со најголем пад на вработеноста меѓу земјите од ЕУ

Најновите податоци од Евростат покажуваат дека Хрватска има најголем пад на вработеноста меѓу земјите од ЕУ.

Хрватска во вториот квартал од оваа година забележала пад на вработеноста од 0,8 проценти во однос на претходниот квартал, што е најлош резултат меѓу земјите на ЕУ.

Во однос на истиот период минатата година, падот изнесувал 1,6 проценти.

Негативна стапка на вработеност во однос на претходниот квартал, покрај Хрватска, имаат уште и Летонија, Романија и Естонија.

Од друга страна, најголем раст на вработеноста на меѓуквартално ниво оствариле Малта (еден процент), Шпанија (0,9 проценти), како и Грција и Полска кои имале раст од по 0,8 проценти.

На ниво на ЕУ, меѓукварталниот раст на вработеноста изнесувал 0,4 проценти, додека во однос на минатата година таа стапка пораснала за 1,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП