7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПобеда за работниците - како загуби Ryanair

Победа за работниците – како загуби Ryanair

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Ryanair“ ја загуби правната битка.

Европскиот суд за правда го негираше правото на авиокомпанијата на својот кабински екипаж кој работи во други земји во Европа да им ги наметнува ирските закони за труд.

Европскиот суд за правда пресуди во корист на шестте работници на „Ryanair“ со различна националност, вработени на аеродромот Шарлерои во Белгија, кои тврдат дека мораат да бидат предмет на белгискиот закон за труд, пренеусва агенцијата Франс прес.

Работата на тие работници, според мислењето на „Ryanair“, се обавувала во Ирска бидејќи авионите на кои работат се регистрирани таму, иако договрите за работа кои ги имаат гласат на нивната „база“ во белгискиот град Шарлерои, каде го почнуваат и завршуваат својот работен ден.

„Целта на европските прописи за законските надлежности е да ја заштити слабата страна, а на вработените да им овозможи право да го тужат работодавецот на судовите кои се најблиски до нивниот интерес“, се наведува во соопштението на Судот.

„Клаузулата во договорот на персоналот, со која се тврди дека ирските судови имаат јурисдикција и ги спречуваат вработените да покренат постапка на други места, не е применлива“, се додава во пресудата на Судот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП