25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромоција на авантуристичкиот туризам во земјата

Промоција на авантуристичкиот туризам во земјата

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија во соработка со Македонската спортско-качувачка федерација вложи напори преку спортското качување да го промовира авантуристичкиот туризам во земјата.

За подобрување на условите на качувачките локалитети кај Матка, Маврово и Кадина во близина на Скопје, поставени се добро обележани спортско-качувачки насоки и сидришта, кои се лесно достапни за секого. За нив е изработен и испечатен спортско-качувачки водич, во кој се опфатени атрактивни качувачки локалитети во Македонија.

„Туристичките трендови се во прилог на Македонија и на регионот, создавањето и одржувањето локални продукти се квалитетен и автентичен начин да се промовира уникатното од земјите. Туристите што практикуваат авантуристички туризам се почитувани патувачи и се многу повредни за локалната економија. Важен е податокот дека 74 отсто од финансиските средства што ги трошат остануваат кај локалното население за разлика од другите туристите што патуваат организирано“, изјави директорот на АППТ, Александар Донев.

„Љубителите на овој спорт постојано истражуваат и поставуваат нови насоки, а дополнителен стимул е и заинтересираностa на странските качувачи за македонските локалитети. Спортските качувачки клубови имаат активни членови со професионални инструктори на вештачки и природни карпи“, истакна Владимир Трповски, претседател на Македонска спортско-качувачка федерација.

Спортското качување во Македонија има пократка историја, но спортските качувачи од земјата може со гордост да истакнат дека качувачките карпи во Македонија заслужуваат епитет на светски места за спортско качување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП