3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига Европа: Вардар немоќен против Зенит (видео)

Лига Европа: Вардар немоќен против Зенит (видео)

Македонскиот шампион Вардар забележа пораз од Зенит 0:5 (0:3) на дебито во фазата по групи во Лига Европа. Два гола за Зенит постигна Кокорин, а по еден Дзјуба, Ивановиќ и Ригони.

Вардар посакуваше изненадување на своето деби во фазата по групи во Лига Европа, но во 90 минути не успеа посериозно да му се закани на Зенит. Играчите на рускиот тим дојдоа во Скопје да победа и тоа го најавија уште од првата минута.

Кокорин во третата минута криераше шанса за Дзјуба, но Грнчаров успеа во последен момент да исфрли во корнер. Три минути подоцна по корнерот на Нобоа, Кокрин од пет метри непречен од никого го постигна првиот гол.

Раниот гол не ги задоволи апетитие на Зенит, чии играчи продолжија со агресивната игра, во која се истакнуваа Кокорин, за кого Брдаровски немаше решение и еквадорско-аргентинската комбинација во средниот ред (Нобоа-Краневитер).

Рано примениот гол само дополнитечно го зголеми стравот кај вардаровите фудбалери, кои во првите 15 минути ретко минуваа на противничката половина, а и кога ќе минеа не може да поврзат повеќе од три додавања.

Во моментите кога по непрецизниот обид на Блажевски Вардар се обидуваше да влезе во вистинскиот ритам, Кокорин уште еднаш го совлада Гачевски. Полоз нафрли со десна од левата страна, а Кокорин на подалечната статива рутнски реализираше со глава.

Немоќта и неорганизираноста на Вардар, Зенит уште еднаш ја казни во 39.минута, кога Кокорин во опасната топка украде една топка, а кога излезе сам пред Гачевски несебично ја врати назад за Дзјуба која ја проследи во мрежата. Во обид да го спречи противникот да постигне гол во оваа акција се повреди Брдаровски.

Вториот дел стартуваше со поангажирана игра на Вардар и неколку обиди да се загрози голот на Лунев.

Николов се обиде два пати, првиот негов обид заврши над голот, а вториот во 50.минута успеа да го изблокира Кришито. Две минути подоцна се обиде и Барсегјан, но и неговиот удар заврши крај голот.

И кога се чинеше дека Вардар воспостави контрола врз играта, Зенит одговори со уште еден гол. Ригони, кој го замини Кокорин, нафрли од десната страна, Гачевски само ја одби топката до дефанзивецот Ивановиќ која ја проследи зад грбот на врадаровиот голман.

До крајот на мечот Зенит најпрвин постигна гол, кој оправдано беше поништен поради офсјад, а во следниот напад, во последната минута Ригони по петти пат го совлада Гачевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП