6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги продолжи санкциите за Русија

ЕУ ги продолжи санкциите за Русија

Европската Унија ги продолжи уште шест месеци санкциите за 149 руски функционери поради нивно наводно учество во судирот во источна Украина.

„По спроведената процена на ситуацијата, заклучивме дека нема да ги менуваме досегашните санкции“, се наведува во соопштението од Европскиот совет.

Санкциите се однесуваат на 149 физички лица, како и на 38 претпријатија и организации. Нивниот имот што го имаат во ЕУ е замрзнат, а забранет им е влез во земјите членки на Унијата.

Ова е дел од серијата казнени мерки што ѝ се воведени на Русија поради украинската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП