5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтензивирање на економската соработка со Црна Гора

Интензивирање на економската соработка со Црна Гора

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во земјата, Предраг Митровиќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји, притоа акцент се стави на зголемување на економската соработка меѓу Република Македонија и Црна Гора.

Министерот Сугарески го запозна амбасадорот Митровиќ со ифраструктурните проекти што се реализираат во земјата, како и со реформите што се спроведуваат во насока на подобрување на севкупната состојба во државата.

„На средбата разговаравме на теми што се однесуваат на двете земји. Црна Гора е наша пријателска земја и се надевам дека во име на таквиот партнерски однос соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период“, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на понатамошната соработка, посебно во делот на зголемување на економските односи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП