18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба на Царинската управа и економските оператори за сузбивање на корупцијата

Средба на Царинската управа и економските оператори за сузбивање на корупцијата

Во амфитеатарот на Царинската управа, во насока на отворање нови можности за комуникација и соработка со сите учесници во царинската постапка, денеска се одржа работна средба на која присуствуваа голем број претставници од деловната заедница.

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, изрази големо задоволство од позитивниот одѕив за средбата, што е добар знак за заемен интерес кон градење успешна соработка. Директорот ги истакна своите очекувања за интензивирање на соработката, воспоставување плодни дискусии и размена на мислења во насока на постигнување една од основните цели на Царинската управа, а тоа е да биде партнер на деловната заедницата, сервис на граѓаните и постојано да предлага и да спроведува мерки за олеснување на трговијата и транспортот.

Целта на денешниот настан беше отворено да се разговара за секојдневните предизвици со кои директните учесници во царинските постапки се соочуваат во текот на своето работење и да се слушнат предлози како заедно Царинската управа и бизнис-заедницата може да создадат конкурентен економски амбиент.

Во оваа пригода збор зедоа претставиците од Здружението на шпедитерите, Здружението на транспортерите, претставници од повеќе стопански комори, како и стопанственици од повеќе области, кои генерално посочија дека многу треба да се работи на искоренувањето на корупцијата, на објективност при селективноста во контролите, на забрзувањето на царинските постапки, но дадоа и предлози и свои гледишта за тоа како може да се подобрат работите.

Директорот на Царинската управа при своето завршно обраќање истакна дека максимално ќе се посвети на зголемување на довербата помеѓу Царината и учесниците во царинската постапка, а со тоа и на искоренување на корупцијата, како и на развивање стратегии, процедури и методи за олеснување на протокот на трговијата и преземање мерки во согласност со важечките законски прописи во земјата и во согласност со легитимните потреби на деловната заедницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП